КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Јужнокорејската морнарица одржува голема поморска вежба

26.10.2023 12:38

Во овогодинешната вежба се вклучени и американски воени хеликоптери и патролни авиони, се вели во соопштението на морнарицата...

Јужнокорејската морнарица соопшти дека оваа недела одржува голема поморска вежба во близина на западниот брег на Корејскиот Полуостров. Во овогодинешната вежба се вклучени и американски воени хеликоптери и патролни авиони, се вели во соопштението на морнарицата.

Северна Кореја претходно ги критикуваше вежбите на САД и Јужна Кореја како проби за инвазија и одговори со ракетни тестови.