Џафери: Партиите да формираат работна група за изборите
Од денот на распишување до денот на гласање треба да поминат не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена. Ги повика партиите да формираат работна група...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери сподели три можни датуми за претседателските избори. Од денот на распишување до денот на гласање треба да поминат не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена. Ги повика партиите да формираат работна група.
„До Нова година треба да имаме консензус по однос на претседателските избори, парламентарните избори се друга приказна и важат други процедури и други рокови. Ако партиите немаат согласност и калкулираат, јас нема да дозволам да се излезе надвор од она што е пропишано. Должен сум тоа да го направам и да обезбедам дополнително време за да не останеме без претседател“, посочи Џафери.
Кога станува збор за уставните измени, претседателот на Собранието соопшти дека не е ништо променето по тоа прашање.
