Мултиетничка интеграција за подобри услови за настава
Многу често и условите за следење на наставата се дел од збогатувањето на мултиетничкиот соживот кај учениците, посебно во раната основна фаза...

Проектите за обнова на образовните установи се иницирани од општините, а се реализираат со финансиска поддршка на УСАИД. Во оваа смисла предничи космополитска Битола.
Проектот за меѓуетничка интеграција во образиванието за 600 основци од македонска, албанска, турска и ромска припадност, ќе им овозможи подобри услови за настава и меѓусебно мултиетничко разбирање.
„Со овој реализиран проект очекувам другарството, а мегусебната доверба се повеке да се развива“, вели Меџит Лукаловски основец од ромската етничка заедница.
„Радосен сум на овој проект ,затоа што ке имаме подобри услови за настава и другарување а тоа кажува дека моето училиште се развива се повеке“ ,вели основецот Илија Атанасовски од македонската заедница.
И досега бевме познати по мултиетничкиот соживот. Со овој проект одиме чекор понапред во образовниот процес -велат педагозите.
„Со инфраструктурните зафати променета е целата прозорска конструкција, реновирана е спортската сала , аулата и санитетските простории а очекуваме да започне и реновирањето на фасадата“, рече директорката Загорка Јовановска.
Во вкупната инвестиција од 4,5 милиони денари УСАИД учествува со еден милион и двесте илјади денари. Досега помогнале на 11наест училишни заедници во земјава.Годинава помош ке добијат уште 13. Велат, задолни сме од она што го гледаме на самото место и од односот на космополитска Битола по ова прашање
„Многупати имавме моожност да видиме како оваа мегуетничка интеграција се спроведува и помегу училишта од други општини со заеднички манигестации. Тоа е за поздравување вели директорот на УСАИД Џејмс Стеин.
„Соработката со УСАИД ке ја продолжиме но и понатаму ке гладеаме како општина и самостојно да го подржуваме овој проект рече градоначалникот Владимир Талески.
Проектот на УСАИД кофинансиран од американската влада е со четиригодишна иницијатива а тежи окулу пет милиони долари.
Стевче Митревски
