Политика

Мицкоски: Власта нека се договори за датумите

26.10.2023 13:22

Мицкоски побара од власта да го одреди датумот кога би се одржале парламентарните и претседателските избори. Да ја договориме датата, Македонија треба да оди напред, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од власта да го одреди датумот кога би се одржале парламентарните и претседателските избори. Да ја договориме датата, Македонија треба да оди напред, рече денеска Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

„Нека седнат и нека се договорат. Јас имам информација дека Ковачевски, Ахмети и Груби денеска ќе имаат работен ручек. Нека кажат-тој и тој ден во толку часот работните групи ќе се состанат и ќе зборуваат за иднината, бидејќи овие два процеси се клучни за иднината на Македонија. Немаме ние проблем кој ќе ја упати поканата, само нека кажат ден и термин и ВМРО-ДПМНЕ со работна група ќе присуствува на тие состаноци. Нека одлучат и за датум блиску до двата големи верски празници, Рамазан и Велигден. Како ќе одлучат-така ќе прифатиме“, изјави Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија беше дециден и го повтори ставот дека нема да има промена на Уставот под овие услови.