Полицијата не го спречила пукањето во „Ист гејт мол“ иако имала сознанија, обвинува опозицијата
Секој последен четврток во месецот, резервиран за пратенички прашања во законодавниот дом. Во фокусот теми од безбедноста, претстојните избори и економијата…

Дваесет нерешени убиства, полицијата не го спречила пукањето во „Ист гејт мол“ иако имала сознанија, висок степен на криминал и корупција-обвинува опозицијата во Собранието и директно го праша премиерот дали ќе го разреши министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Доби негативен одговор.
Ковачки повторно го актуализираше прашањето за секс скандалот, малтретирањето и злоупотребата на службена положба на генерал и полковник кон припаднички на Армијата со понизок чин. Зошто ниту врховниот командат, ниту министерката не преземаат ништо.
Низа обвинувања на сметка на првиот заменик вицепремиер Артан Груби. Се однесувал како менаџер и портпарол на „Бехтел и Енка“, па тој барал работници. Самиот си прави кампањи со пари на граѓаните, рече пратеничката Сиљановска-Давкова.
Одлика на овие пратенички прашања што недостасуваа неколкумина министри во владата, но на прашањата за нив немаше присутен ниту нивни заменик за да одговори.
Миле Ристески
