Алергија на глутен
Целијакија претставува доживотна болест а се јавува во втората година од животот. Целијакија е болест на цревните ресички, кои се одговорни за хранење на целиот организам, па затоа треба да бидат здрави и многубројни. Меѓутоа целијакијата го оневозможува нивното правилно функционирање. Настанува на следниов начин: во одредени житарици (пченица, ‘рж, јачмен и овес) се наоѓа протеинот глутен кој кога ќе дојде до цревните ресички предизвикува нетолерантна реакција.

Ваквата реакција предизвикува спречување на цревните ресички да си ја вршат својата улога и не ги пренесуваат важните прехранбени протеини, витамини и минерали до другите делови на организмот. Овие материи, детето ги исфрла преку столицата и на тој начин тие се отстрануваат од организмот. Оваа болест се манифестира на типичен и нетипичен начин. Типичната целијакија се јавува во првите две години од животот на детето со следниве симптоми: хронична дијареја,надуен стомакгубење на апетитот, повраќање и губење на тежината. Детето станува физички слабо и изнемоштено, постојано се жали на болки во стомакот и по цел ден е раздразливо.
Кај доенчињата оваа болест се развива нагло со појава на водеенеста дијареја,интензивни болки во стомакотдехидрација,губење на електролити во крвта и намалување на крвниот притисок.. Општата состојба на детето е многу тешка и ваквата состојба се нарекува целијачна криза. Доколку кај детето се појават горенаведените симптоми потребно е да се изврши специјална дијагностичка анализа: во крвта се мери количината на антителата на глутаминот. Доколку анализите укажуваат на оваа болест, се прави биопсија на тенкото црево.
Откако ќе се постави сигурна дијагноза за целијакија, детето се става на строга исхрана во која глутенот треба да изостанува. Неопходно е исхраната без глутен да се практикува и одржува целиот живот. Со правилен режим и редовни контроли, детето се развива правилно и физички и психички. Кон секојдневната исхрана треба да се додаваат и неопходните минерали и витамини за организмот. Целијакијата мора да се лекува со постојани диети. Оние кои ја имаат оваа болест а не држат диети, имаат до 40 пати зголемен ризик од појава на други малигни болести (рак на цревата и рак на лимфните ткива). Зголемен е и ризикот од појава на дијабетис, болести на тироидната жлезда, црниот дроб и надбубрежните жлезди.