За учениците во средните медицински училишта ќе има посебен конкурс за стипендирање
Учениците од средните медицински училишта се изоставени во конкурсот за стипендии за дуалното образование. За 1.500 стипендии од 3.500 денари може да конкурираат сите ученици запишани во дуалните паралелки, освен од здравствените струки во јавните средни училишта. МОН за нив најави дополнителен конкурс...

Конкурсот за стипендирање на учениците во дуалното образование каде се изоставени учениците од здравствените струки предизвика незадоволство и денес за ова реагираа од средното медицинско училиште во Штип.
Од МОН информираат дека учениците запишани во здравствените струки годинава не можат да аплицираат на конкурсот за доделување 1.500 стипендии за ученици во дуалното образование, бидејќи за нив ќе има посебен конкурс.
Во врска со учебниците за шесто одделение, министерот изјави дека доставата доцнела заради технички проблеми, а за да нема доцнење на новите учебници за седмо одделение идната година, Бирото за образование очекува програмите да се достават до крајот на ноември.
Славица Величковска
