Седум лица обвинети за кражбата на деценијата
Меѓу обвинетите не е поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Обвинет е и директорот на музејот
Кривичниот суд денеска го објави списокот со седум лица против кои е поднесено обвинение за кражбата на вредни артефакти во Музејот на Македонија во случајот “Фаланга 2″.
Меѓу обвинетите не е поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Обвинет е и директорот на музејот.
Предлогот на Јавното обвинителство Скопје за продолжување на мерката притвор е прифатена и притворот се продолжува за 30 дена.
Обвинителството, осомничените ги гони за повеќе кривични дела - отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост, несовесно работење во службата како и злоупотреба на службената положба и овластување.
За кражбата во музејот осомничени се службени лица од оваа установа и тоа програмски директор, виш кустос, ракувач на депото, поранешен и актуелен директор на музеите од Скопје и од Охрид, како и еден златар.
