Скопје

Низа забелешки на жителите на Влае за новиот урбанистички план

26.10.2023 16:47

Општина Карпош одржува јавна презентација на Деталниот урбанистички план на населбата Влае. Претставници на иницијативата „Борба за Влае“ излегоа со свои забелешки. Од општината велат зголемено е парковското зеленило, намалена е површината за градење...

Низа забелешки на жителите на Влае за новиот урбанистички план. Се спротивставуваат на можната бетонизација на населбата, архитектите ги бранат решенијата. Во Општина Карпош презентиран новиот предлог урбанистичкиот план.

Од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ велат дека од Општина Карпош наместо да ја отстранат, тие ја зголемуваат катноста на зградата. Посочуваат дека требаше да биде 11 ката, а сега ќе се градат 12. Обвинија дека градоначалникот Јакимовски сторил кривично дело, а сопственикот на парцелата е ставен во поповолна состојба при евентуално окрупнување на парцелата.

Од општината велат дека голем број забелешки на граѓаните се прифатени. Зголемено е парковското зеленило, намалена е површината за градење

„Категорично ги отфрламе обвинувањата дека е зголемен габаритот на предвидената зграда. Напротив, во претходниот план за двете градежни парцели има предвидени 21.100 метри квадратни, а во ова планско решение планиран е само еден објект со вкупна бруто развиена површина од 20.801 метар квадратен“, велат од Општина Карпош.

Жителите на Влае имаат рок до понеделник да ги пополнат анкетните листови со предлози за новиот детален урбанистички план. Бараат продолжување на рокот, бидејќи пет дена се малку за детална анализа, пишување и поднесување анкетни листови.

 

Андријана Ѓурческа