МВР
Приведен крадец баран со потерница
26.10.2023 16:51
Денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги и ОКР Гази Баба во 13:55 часот во Скопје го лишија од слобода М.М. (28) од Скопје...

Денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги и ОКР Гази Баба во 13:55 часот во Скопје го лишија од слобода М.М. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, во врска со член 236 (тешка кражба) од КЗ на РСМ.
М.М. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа.
