Сепаратистите урнаа украински патролен авион

28.05.2014 17:48

Жителите на истокот на Украина се предупредени да не излегуваат од своите домови.

Борбите во Доњецк земаат замав, пругата за Мариупол е крената во воздух. „Раша тудеј“ пренесува дека сепаратистите урнале украински патролен авион, а жестоки борби се водат околу главниот аеродром. Киев трупа војска и се подготвува за напад на Луганск, каде што самопрогласената власт распиша парламентарни избори на 14 септември. Сепаратистите го ослободија киднапираниот полски свештеник, но ОБСЕ најави можно повлекување, откако три дена нема ни трага од тимот набљудувачи во Доњецк.
„Ако безбедносната ситуација е толку лоша, што цивилните тимови треба да се плашат за животите, тогаш навистина ќе треба да ги повлечеме“,Волфганг Ишингер, специјален пратеник на ОБСЕ
Шефот на руската дипломатија Лавров го обвини западот дека ја турка Украина во братоубиствена војна. И новиот украински претседател Порошенко рече дека на истокот владее вистинска војна.