Брисел

Вучиќ и Курти на средби со европски лидери

26.10.2023 20:29

Српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Брисел на одвоени средби со претставниците на Германија, Франција и на Италија, како и со специјалниот пратеник за дијалогот Лајчак и шефот на европската дипломатија Борел. Главна тема – деескалацијата на ситуацијата на северот на Косово...

Српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Брисел на одвоени средби со претставниците на Германија, Франција и на Италија, како и со специјалниот пратеник за дијалогот Лајчак и шефот на европската дипломатија Борел. Главна тема – деескалацијата на ситуацијата на северот на Косово.

Западот бара Белград и Приштина да преземат чекори за спроведување на потпишаните договори и да се посветат на исполнување на нивните обврски произлезени од дијалогот. Албанскиот премиер Рама го пофали Курти за прифаќањето на европскиот предлог за деблокирање на прашањето за заедницата на српски општини.