Влада

Ковачевски во Дојран на почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и нова пречистителна станица

27.10.2023 08:02

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување на постапка за изградба на нова пречистителна станица во Дојран...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување на постапка за изградба на нова пречистителна станица во Дојран.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, на настанот свое обраќање ќе имаат и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер, како и Анго Ангов, градоначалник на Општина Дојран.