Седница на собраниската Комисија за деловничка и мандатно-имунитетни прашања
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања денеска ќе ја започне амандманската расправа за Предлог на Деловник на Собранието...

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања денеска ќе ја започне амандманската расправа за Предлог на Деловник на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, како негов предлагач поднел неколку амандмани, а поднеле и Левица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Според информациите од Собранието, Комисијата ќе работи по амандманите доколку е потребно и за време на викендот, а координаторите на пратеничките групи во текот на вчерашниот ден ги усогласувале ставовите по одредени амандмани. Новиот деловник на Собранието, според најавите на Џафери, се очекува да биде донесен со консензус и најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.
Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.
