МЗШВ

Николовски ќе потпише договор за изработка на физибилити студија и проект за логистичко-дистрибутивна платформа

27.10.2023 08:58

Министерот Љупчо Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултантска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје...

Денес со почеток од 13 часот во салата за состаноци при министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултантска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје.

Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа е значајна капитална инвестиција, која заедно со изградбата на двата откупни центри во Струмица и Ресен имаат за цел да се олесни дистрибуцијата на храна и пристапот до пазарот на големо, како и поврзаноста со балканскиот регион.

Капиталниот проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје и откупните центри во Струмица и Ресен се реализира преку Проектот за модернизација на земјоделството со финансиска поддршка од Светската банка, стои во соопштението од МЗШВ.