Ал Каеда оперира во Нигерија
28.05.2014 17:52
Во напад врз воена база и полициска станица на северот на Нигерија загинаа најмалку 33 војници и полицајци.

Сомневањата повторно паѓаат на екстремистите од Боко Харам. Дошле во камиони, облечени во униформи и ги излажале војниците да им ја отворат портата, по што отвориле оган, запалиле неколку воени згради и пукале врз празно основно училиште.
Во Западна Африка оперира Ал Каеда. Не напаѓаат луѓе надвор од Нигерија, сакаат да ја дестабилизираат земјава, а им се приклучува и овдешен народ“, Алекс Баде, шеф на безбедноста
