ЦУК: Изгаснати три пожари на отворен простор
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот. Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари...

Противпожарните тимови вчера интервенираа на три пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот. Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари. Скопските пожарникари имале и уште една помала интервенција во тој предел.
Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга од 6:56 до 10:30 часот со три противпожарни возила гаснеле запалено складирано сено на влезот во село Мислешево.
