МВР

Санкционирани 198 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

27.10.2023 11:31

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.