Пираци победник на 17-та етапа
По турбулентаната вчерашна етапа на Џиро Д,Италија, денешниот 17-ти чин од големата велосипедска претстава главните јунаци ги имаше всушност во епизодистите од трката. Водечките во борбата за завршните почести денеска на делницата од Сарнонико до Виторио Венето долга 208 километри, имаа „парадно“ возење! Во мирната трка им дозволија на група од 20-тина велосипедисти , кои немаат шанси да се вмешаат во борбата за розовата маичка, да се борат за етапната победа.

По турбулентаната вчерашна етапа на Џиро Д,Италија, денешниот 17-ти чин од големата велосипедска претстава главните јунаци ги имаше всушност во епизодистите од трката. Водечките во борбата за завршните почести денеска на делницата од Сарнонико до Виторио Венето долга 208 километри, имаа „парадно“ возење! Во мирната трка им дозволија на група од 20-тина велосипедисти , кои немаат шанси да се вмешаат во борбата за розовата маичка, да се борат за етапната победа. Во завршниот спринт најбрз беше 27 годишниот Италијанец Стефано Пираци, кој на својот тим „Бардијани“ му ја донесе третата победа на годинешниов Џиро. Со исто време на целта пристигнаа второпласираниот Белгиец Тим Веленс и третопласираниот Џеј Мекарти од Австралија. Носителот на розовата маичка ,Колумбиецот Наиро Кинтана целта ја мина како дел од големата група, во која беа сите негови конкуренти за завршна победа. Утре,Џиро Д,Италија одново се сели во планините. Исклучително важната и тешка етапа со повеќе ридски цели ќе се вози од Белуно до Рифуџио Панарота во должина од 175 километри.
Џиро Д,Италија: 17-та етапа:
1.Стефано Пираци(Ита) 4:38.11 часа
2.Тим Веленс (Бел) исто време
3.Џеј Мекарти (Австрал) исто време
Генерален пласман:
1.Наиро Кинтана (Кол) –
2.Ригоберто Уран (Кол) + 1.41 мин.
3.Кадел Еванс (Австрал) + 3.25 мин.
