САД

Продолжува потрагата по убиецот од Мејн

27.10.2023 11:34

Извршен е претрес во неговиот дом при што полицијата пронашла порака за којашто инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето...

Повеќе од 350 полицајци сè уште трагаат по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Извршен е претрес во неговиот дом при што полицијата пронашла порака за којашто инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето.

40 годишниот осомничен,Роберт Кард, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист.

Пушката со која е извршен масакрот била легално купена. Според властите, ова е најсмртоносното масовно пукање во САД годинава.