Денеска во Прилеп не стигна ниту единствениот воз
Веќе три дена е еден воз на најфреквентната линија со патници Скопје-Битола-Скопје. Изутрината прилепчани не го пречекаа ниту единствениот воз. Револтирани се на ситуацијата која не се памети. Од Македонски железници допрва треба да решат што со неискористените месечни билети, ама патникот да го докаже тоа...

Од 25-ти октомври укинати се два воза дневно Скопје-Битола-Скопје. Останува линијата наутро од 3,13 часот од Битола и од 14,30 часот од Скопје. Денеска во Прилеп не стигна ниту единствениот воз. Ова е најкористена линија според бројот на патниците. Граѓаните револтирани зашто не паметат дека ова и се случило на Македонската железница.
Во Македонски железници првпат се соочуваат со ваква ситуација. Допрва треба да решат за поврат на пари од неискористени месечни билети, зашто патникот треба да го докаже тоа.
А додека го докаже, прилепчани полушеговито велат – возот за Европа заминал.
Првата јавна железница во Македонија била воспоставена пред точно 150 години, помеѓу Скопје и Солун.
Елизабета Митревска
