Фудбал

Меси номиниран за најдобар дебитант во МЛС лигата

27.10.2023 12:03

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е еден од тројцата финалисти за наградата за најдобар дебитант во МЛС лигата...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е еден од тројцата финалисти за наградата за најдобар дебитант во МЛС лигата, иако одигра само шест натпревари за Интер Мајами.

Аргентинецот (36) со својот нов клуб го освои Лига купот, натпреварување во кое настапуваат американски и мексикански клубови, но во првенството не успеа да дојде до плејофот со екипата од Мајами.

Двајцата конкуренти на Меси за наградата се грчкиот напаѓач Јоргос Јакумакис од Атланта Јунајтед и германскиот играч за врска Едуард Ловен од Сент Луис Сити.