НБА ол – стар натпреварот повторно во форматот Исток – Запад

27.10.2023 12:07

Ол-стар натпреварот во форматот Исток – Запад последен пат се одигра во 2017 година.

НБА ол – стар натпреварот, кој на 18 февруари ќе се одигра во Индијанаполис, ќе се одржи во стариот формат во кој ќе се соочат екипите од Истокот и Западот, објави денеска најсилната кошаркарска лига во светот.

Ол-стар натпреварот во форматот Исток – Запад последен пат се одигра во 2017 година.

Натпреварот ќе биде одигран во салата Геинбриџ Филдхаус, во кој своите домашни натпревари ги игра Индијана.

Градот Индијанаполис последен пат беше домаќин на Ол – стар натпревар во 1985 година.