Алкараз ќе настапи на Мастерсот во Париз

27.10.2023 12:12

Поради болки во грбот и стапалото, 20-годишниот шпански тенисер го откажа настапот на турнирот во Базел оваа недела.

Светскиот рекет број 2, Карлос Алкараз, најави дека ќе настапи на Мастерс турнирот од серијата 1000 во Париз, кој е на програмата од 30 октомври до 5 ноември.

Алкараз ќе настапи и на завршниот Мастерс на кој ќе се соберат најдобрите осум светски тенисери од 12 до 19 ноември во Торино.

Поради болки во грбот и стапалото, 20-годишниот шпански тенисер го откажа настапот на турнирот во Базел оваа недела.

Последниот настап Алкараз го имаше на 11-ти овој месец кога во полуфиналето на Мастерсот 1000 во Шангај беше поразен од Григор Димитров.