Македонија

Тренчевска и делегацијата во посета на македонските здруженија во Измир

27.10.2023 13:45

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со иселениците во град Измир. Тренчевска заедно со градоначалникот на Чашка, Стојановски доделија лаптоп и печатач со цел зајакнување на нивната работа и олеснување на нивните активности и користење на дигиталните алатки за промоција на македонските вредности и култура...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со иселениците во град Измир. Заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски и градоначалникот на Градско, Киро Нацков, заменик министерот за култура, Даим Лучи и државната секретарка на Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска и Конзулот на Република Северна Македонија во Анкара, Илијаз Ферах утрото го поминаа заедно со Македонците во Измир. За време на посетата беше искажана поддршката од страна на делегацијата за функционирањето на здруженијата на Македонци во Измир.

Тренчевска заедно со градоначалникот на Чашка, Стојановски доделија лаптоп и печатач со цел зајакнување на нивната работа и олеснување на нивните активности и користење на дигиталните алатки за промоција на македонските вредности и култура. Од страна на државната секретарка на МОН, Казанџиска за децата беа подарени илустрирани сликовници со цел збогатување на библиотеката на здружението. Претставничката на МОН истакна дека во периодот којшто следи ќе се залага обезбедување на наставници на македонски јазик во Измир, Туркије.

На крајот од средбата беа доделени плакети во знак на благодарност за остварената средба.