Почна пријавувањето за субвенции за нови лозови и овошни насади
Почна пријавувањето за субвенции за садење лозја и овошни култури. Земјоделците кои ќе инвестираат во нови насади на најмалку половина хектар ќе добијат по 2,5 милиони денари...

За подигнување на нови лозови и овошни насади годинава се обезбедени скоро 27,5 милиони денари.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци или трговец поединец со површина од најмалку половина хектар. Потоа да имаат извршена агрохемиска анализа на почвата, насадите да бидат од листата на одобрени сорти и да немаат долгови за наводнување и за пашарина.
Неповратната финансиска поддршка може да биде на две рати или според реализација на инвестицијата.
Краен рок за поднесување на барањата за површините насадени од септември до 31 декември 2014 е 1 јули годинава.
Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат со системот прв дојден прв услужен.
Методија Трајков
