Финска

Османи: Заеднички интерес на сите земји учеснички на ОБСЕ е да има претседавач за 2024

27.10.2023 14:37

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, реализираше официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, реализираше официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен. На средбата двајцата министри изразија заемни заложби за унапредување на билатералните односи и соработка помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи.

Министерот Османи изрази благодарност за конзистентната поддршка од Хелсинки за нашиот пристапен процес во ЕУ и ја нагласи потребата од промена на пристапот согласно концептот „Повеќе интеграција пред ЕУ членство“.

Поздравувајќи го членството на Финска како 31-ва НАТО членка, Османи повтори дека остануваме посветени на одржувањето на силни партнерски односи.

Министерката Валтонен ја реафирмира финската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја и оддаде признание дека Северна Македонија постигна висок степен на исполнување на европската реформска агенда.

Во рамки на посетата, министерот Османи оствари средба и со спикерот на финскиот Парламент Јуси Кристиан Хала-ахо, со кого размени мислења за нашата ЕУ агенда, нашето ОБСЕ претседавање со фокус на фукционалноста, како и унапредувањето на парламентарната соработка.