Железничките станици празни, возовите доцнат
Железничката станица во Скопје е речиси празна. Некои возови ги нема, други доцнат. Надлежните биле во фаза на реструктурирање на компанијата...

Пругите стари, возовите доцнат, а некои и воопшто не доаѓаат. Патниците кои го користат железничкиот сообраќај со саати седат на станица. Се помал е бројот на оние кои патуваат со воз. Железничката станица во Скопје е речиси празна. Патниците се револтирани особено по намалувањето на сообраќајот на релација Скопје – Битола.
Од „Железници Транспорт“ истакнаа дека овие промени ќе траат до нивно отповикување.
Според информациите од Министерството за транспорт и врски до сега од буџетот во МЖ транспорт се слеани повеќе од 10 милиони евра оваа година.
За разлика од годинава во 2022 за „МЖ Транспорт“ биле издвоени 918 милиони денари, најмногу во последниве 4 години. За инфраструктура за оваа година се предвидени 320 милиони денари исто како и минатата година.
Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници.
Укинувањето на двата воза меѓу Скопје и Битола доаѓа само неколку месеци откако беа укинати сите 4 воза на релација Скопје, Куманово, Табановце.
Ана Јосифоска-Тодоровска
