Половина Македонија во жолта фаза- се очекуваат интензивни врнежи од дожд
Невреме со дождови и до 20 литри на квадратен метар, најави Управата за хидрометеоролошки работи...

Европската метео станица предупреди- половина Македонија е во жолта фаза. Интензивни врнежи од дожд во траење од 12 часа, ќе зафатат одредени делови од земјава. Се посочуваат Охридскиот, Малешевскиот и делот по Јужно Повардарие.
Невреме со дождови и до 20 литри на квадратен метар, најави и Управата за хидрометеоролошки работи.
Вулканот Косел во близина на Охрид реагира на промената на времето. Поголемо количетсво чад, на голема површина, вчера било забележано како излегува од него.
Немало потреба од интервенција, велат од охридската противпожарна единица.
Ваква ситуација се јавувала и порано, и нема место за паника. „Природна појава“, вака посочуваат познавачите.
