УХМР
Сончево време со температура до 27 степени
28.10.2023 08:36
Во Скопје, слично време со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 21 до 27 степени, соопштуваат од УХМР.
Во Скопје, слично време со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време за овој период од годината. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата се очекуваат локални врнежи од дожд.
