Расте бројот на градинки во руралните општини
Се подобруваат условите за живот во руралните општини. По Градско, и во Росоман е отворена детска градинка. Според четиригодишниот план на Министерството за труд и социјала политика, во наредниот период во Македонија ќе бидат отворени четириесетина вакви установи...

Седумдесетина семејства од општина Росоман веќе еден месец ги чуствуваат благодетите од работењето на детската градинка „Праскички“. Младите велат, решивме едне горлив проблем. Министерот за труд и социјала уверува многу семејства во рурални оптини наскоро ќе ги почуствуваат благодетите од отварање на детски градинки. Овае втора градинка отворена во рурална општина по онаа во Градско.
„Оваа година очекувам околу 15 до 16 нови објекти да бида отворени ширум Република Македонија со посебен фокус на руралните општини“, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална работа.
Покрај воспитно образовната улога, според локалната самоуправа установата ќе го запре процесот на миграција.Економски општината јакне а жителите ги добивале сите удобности како оние од урбаните општини.
„Росоман е општина која се развива и ќе се развива затоа што праската добро оди затоа што веќе во Дрекслмајер најдоа работа скоро сите млади брачни парови и своите дечиња ги носат на чување“, рече Стојанче Лазов, градоначалник на општина Росоман
Интереот за згрижување на децата во градинка е огромен .Капацитетот веќе е целосно исполнет, одговорните прават планови за проширување.
„Ќе правиме напори за зголемување на капацитетите со цел да згрижиме поголем број на дечиња“, рече Радмила Делова, директор на ЈОУДГ Праскички.
За изградба и опремување на градинката „Праскички“ во општина Росоман, ресорното министерство потроши 14 милиони денари. Според планот на министерството за труд и социјала во нарените четири години бројот на детски градинки треба да се зголеми за уште четириесетина, најголем дел од нив ќе бидат отворени во рурални општини.
Дијана Иванова
