ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку фирма за канцелариски материјал, ќе набавуваат средства за одмастување на котлите во РЕК Битола
Како што велат од партијата, истата фирма лани имала вкупен обрт, помал од 350.000 евра, а само за една година успева да добие државен тендер, кој за 12 пати го надминува нејзиниот лански приход.

ДУИ и СДС преку ЕСМ, поддружница РЕК Битола, набавува адитиви, кои треба да го намалат замастувањето, во котлите од фирма регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски прибор, преку тендер вреден 4,2 милиони евра, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од партијата, истата фирма лани имала вкупен обрт, помал од 350.000 евра, а само за една година успева да добие државен тендер, кој за 12 пати го надминува нејзиниот лански приход.
Фирмата е регистрирана во 2017 година и нема никаква допирна точка со енергетика и со адитиви за одмастување, a исто така сомнително е и тоа дека на огласот, била пријавена само оваа фирма, иако постојат многу фирми кај нас и во регионот, кои со години се на пазарот.
Таман граѓаните помислија дека дното е постигнато, со фирмата за долна облека, која стана надзор, за новите автопатишта, еве ДУИ и СДС имаат уште поинвентивен начин, како да наместат тендер и да се збогатат за уште некое милионче. Овие криминали нема да се заборават, веднаш по превземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има истраги и одговорност за сите- стои во соопштението од партијата.
