Бајден со писмо до конгресните лидери

САД се подготвени да преземат понатамошни дејствија по нападите врз цели поврзани со Иран

28.10.2023 10:53

Целта беше одвраќање и нападите беа спроведени на начин да се ограничи ризикот од ескалација и да се избегнат цивилни жртви, пишува Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до конгресните лидери откако нареди напади врз неколку локации во Сирија поврзани со корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран, по серијата напади врз американските сили на Блискиот Исток.

Целта беше одвраќање и нападите беа спроведени на начин да се ограничи ризикот од ескалација и да се избегнат цивилни жртви, пишува Бајден.

Додава дека се подготвени да преземат понатамошни активности за да се справат со заканите или нападите.