Македонија воздржана за резолуцијата за итно хуманитарно примирје во појасот Газа
Резолуцијата ја поднесе Јордан во име на арапските држави. Во неа се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, терористичките и неселективни напади и се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.

Генералното Собрание на Обединети нации со 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“ усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во појасот Газа.
Резолуцијата ја поднесе Јордан во име на арапските држави. Во неа се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, терористичките и неселективни напади и се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.
Хамас и палестинците ја поздравија резолуцијата, шефот на израелската дипломатија Ели Коен ја нарече „одвратна“.
Нашата држава беше воздржана. Иако резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации не се правно обврзувачки, тие имаат морална тежина поради универзалноста на членството.
Фото: Обединети нации
