Средношколка фатена со еден килограм марихуана
Шеснасет годишна гостиварчанка

Шеснасет годишна гостиварчанка била приведена во полициската станица Гостивар, под соменение дека превезувала еден килограм марихуана.
Полициски службеници, вчера околу 15 часот, во населбата Циглана, запреле такси-возило, во кое се превезувала 16-годишната средношколка од Падалиште. При преглед на возилото, во торбата што ја имала со себе, било пронајдено најлонско ќесе во кое имало околу еден килограм тревкаста материја, најверојатно марихуана.
Според СВР Тетово, набрзо потоа малолетничката во присуство на родител и претставник на Центарот за социјална работа, приведена е и задржана, а во консултација со јавен обвинител и по извршениот разговор, пуштена е дома.
Полициските инспектори работат на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок
