Македонија
Комуналните претпријатија во Штип и Берово вршат бесплатно собирање на кабастиот отпад
28.10.2023 11:30
Иако се соочуваат со казни до 200 евра, граѓаните и понатаму го одлагаат кабастиот отпад во контејнери или на диви депонии. Дел од јавните претпријатија во источниот регион вршат бесплатно собирање на овој отпад од домовите…

Градежниот шут, отпадот од градините, покуќнина и бела техника не се исфрла во контејнери или на диви депонии, но граѓаните и понатаму продолжуваат со оваа пракса. За да се сменат навиките, штипското комунално претпријатие почна со неделни акции за бесплатно собирање на кабастиот отпад.
Ваква пракса има и во Берово. Проблемот е присутен и во руралните општини.
За одлагање кабаст отпад на несоодветни локации, законот предвидува глоби до 200 евра.
Славица Величковска
