Казахстан: Најмалку 32 лица загинаа во пожар во рудник
Владата на Казахстан најави ќе обезбеди помош за сите семејства на жртвите од пожарот во рудникот за јаглен, изјави претседателот Токаев. Побара веднаш да биде прекината инвестициската соработка со Арчелор Митал-одговорен за претпријатието.

Најмалку 32 рудари загинаа, а по 14 сè уште се трага по пожар во рудник со кој управува француската компанија „Арчелор Митал“ во Казахстан, соопштија властите.
Владата на Казахстан најави ќе обезбеди помош за сите семејства на жртвите од пожарот во рудникот за јаглен, изјави претседателот Токаев. Побара веднаш да биде прекината инвестициската соработка со Арчелор Митал-одговорен за претпријатието.
Од Арчелор Митал-локална единица на луксембуршката челичарница, соопштија дека 206 од 252 лица во рудникот Костенко биле евакуирани по експлозијата на метан.
Утре ќе биде прогласен за ден на жалост.
