Инцидент

Повредени полицајци и затвореници при претрес во Идризово

28.10.2023 16:33

Инцидент во затворот Идризово. За време на рација дошло до судир со затвореници кои давале отпор – има повредени, и полицајци и осуденици. Дел завршија во болница со фрактури. При претресот се пронајдени ножеви, дрога, мобилни телефони…

Затвореници нападнале полицајци при претрес во полуотвореното одделение во затворот Идризово. Припадници на Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Обвинителството по налог од Кривичниот суд по добиени сознанија, извршеле претрес кај затворениците и пронашле 82 ножа, 4 шила, 63 мобилни телефони, 71 полначи за мобилни и дрога. Затворениците пружиле отпор со напад врз полицајците.

Во нападот на затворениците врз полицајците, имало повредени што биле пренесени во ургентниот центар.

Ова не е единствен инцидент во Идризово. Неодамна беа откриени затвореници кои копале тунел за да избегаат од затворот, а при претреси во повеќе наврати се откриваа недозволени предмети.

Заради поголемо обезбедување, просторот околу Идризово го обезбедуваат припадници на Армијата.

Ирина Гелевска