Свет

Над 35 загинати во верижна сообраќајна несреќа во Египет

28.10.2023 18:05

Автобус се забил во паркиран автомобил, по што во него влетале другите возила и настанал пожар.

Над 35 загинати, повеќе од 60 повредени во верижна сообраќајна несреќа на патот Каиро – Александрија во Египет.

Автобус се забил во паркиран автомобил, по што во него влетале другите возила и настанал пожар.

Во сообраќајната несреќа учествувале 30-ина возила.