Кацарска: Потребна е прецизна правна рамка
Претседателката на Уставен, Добрила Кацарска, вели дека кај нас, иако секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата, сепак, нашиот Устав не ги регулира сите аспекти за начинот на кој може граѓаните да побараат помош.

Формиран е Балкански форум на уставни судови. Еден од основачите е и нашиот суд. Претседателката на Уставен, Добрила Кацарска, вели дека кај нас, иако секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата, сепак, нашиот Устав не ги регулира сите аспекти за начинот на кој може граѓаните да побараат помош.
Таа вели дека има само една одредба во Уставот со која се уредува пристапот до уставна правда. Кацарска укажува дека правната рамка мора биде јасна и прецизна, без непотребни ограничувања и формализам, со кратки и прецизни рокови на постапување, и со можност за непосредно учество на граѓанинот во постапката.
Кацарска посочи и дека мора да постојат ефикасни средства за спроведување на одлуките на уставните судови.
