Четворица нови амбасадори ќе предадат акредитиви

29.05.2014 11:05

Јацек Стефан Мултановски е новоименуван амбасадор на Полска. Чарлс Едмон Гарет на Обединетото кралство Велика Британија и Ирска. Интересите на Народна Република Кина во земјава, ќе ги застапува Вен Џеншуи, а на Албанија- Петрит Бушати...

Четворица нови амбасадори ќе ги предадат акредитивите на претседателот Ѓорге Иванов. Јацек Стефан Мултановски е новоименуван амбасадор на Полска. Чарлс Едмон Гарет на Обединетото кралство Велика Британија и Ирска. Интересите на Народна Република Кина во земјава, ќе ги застапува Вен Џеншуи, а на Албанија- Петрит Бушати.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, Гарет доаѓа на местото на досегашниот британски амбасадор Кристофер Ивон кој воедно беше и доајен на дипломатскиот кор во земјава. Во британската дипломатија работи од 1987 година, а зад себе има искуство во британските претставништва во Хонг Конг, Никозија, Берн и Тајпеј.

Новиот амбасадор на Кина, Џеншун кој го заменува досегашниот Цуи Живеи, е поранешен новинар. Магистрирал на Академијата за дипломатска политика во Виена, а зад себе има искуство во Директоратот на западно-европски работи во кинеското МНР, како и во амбасадите на неговата земја во Германија и во Луксембург. Во Скопје доаѓа од местото генерален конзул во Франкфурт.

Поранешен новинар ќе раководи и со Албаската амбасада во Скопје. Бушати, покрај 11-годишната новинарска кариера, зад себе има и дипломатско искуство во претставништвата на Албанија во Виена, Стокхолм и Вашингтон.