Почина актерот Метју Пери, познат по серијата „Пријатели“
Како што јавуваат американските медиуми, тој е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Според „ЛА Тајмс“, кој прв ја објави приказната, Пери се удавил во својата када.

На 54-годишна возраст почина Метју Пери, актерот кој беше најпознат како Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“. Како што јавуваат американските медиуми, тој е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Според „ЛА Тајмс“, кој прв ја објави приказната, Пери се удавил во својата када.
Длабоко сме потресени од смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден кога нашите срца се скршени. Испраќаме љубов до неговото семејство, најблиските и неговите фанови - соопшти Warner Bros, компанијата која ја продуцираше популарната ТВ серија „Пријатели“.
Полицијата во 16 часот по локално време пристигнала во домот на актерот и го пронашла телото на актерот. Нема индиции дека се работи за насилна смрт, истрагата е во тек, а сè уште нема официјално соопштение за причините за смртта.