Свет

Масовни протести за крај на насилството во Газа

29.10.2023 09:34

Во британската престолнина имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, уапсени над 300 луѓе и во Њујорк.

Масовни протести низ светот со барање да се стави крај на насилствата и на страдањата на луѓето од Газа. Илјадници луѓе маршираа во Лондон, Рим, Берлин, Њујорк, Истанбул.

Во британската престолнина имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, уапсени над 300 луѓе и во Њујорк.

Во Истанбул, претседателот Ердоган одржа жесток говор во кој го обвини Израел за воени злосторства, по што Тел Авив ги повлече дипломатите за да ги преиспита односите со Анкара.