МВР
Приведени пет малолетници во Скопје поради сомнение за извршени кражби
29.10.2023 10:52
Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, а кај еден од нив бил пронајден и одземен нож.

Вчера вечер на подрачје на Драчево, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево лишиле од слобода пет малолетници од Скопје.
Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, а кај еден од нив бил пронајден и одземен нож.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
