Киев: Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до намалување на поддршката за Украина
Планот на Зеленски не е само повлекување на руските трупи од Украина, туку и ослободување на сите воени заробеници, трибунал против воените злосторници и безбедносни гаранции за земјата.

Киев се плаши дека конфликтот на Блискиот Исток кој го одвлекува вниманието на меѓународната заедница, може да доведе до намалување на поддршката за Украина.
Во Малта, втор ден состанок за национална безбедност. Претставници на повеќе од 60 земји, без Русија, разговараат за украинскиот мировен план од 10 точки за кој Зеленски се надева дека ќе биде поддржан, како и во претходните три сесии.
Планот на Зеленски не е само повлекување на руските трупи од Украина, туку и ослободување на сите воени заробеници, трибунал против воените злосторници и безбедносни гаранции за земјата.
Русија, која не беше поканета на ниту еден од состаноците, ја отфрли иницијативата како пристрасна.
