Свет
Над 40 жртви од ураганот „Отис“ во Мексико
29.10.2023 12:27
„Отис“ го погоди Мексико во вторникот вечерта, како исклучително опасен ураган од петта категорија со постојан ветер од 270 километри на час и налети до 330 километри на час.

Расте бројот на загинати во ураганот „Отис“ во Мексико. Веќе има 40-ина жртви, повеќето се удавиле откако бурата го погоди пацифичкиот брег.
Вооружените сили на Мексико доставуваат помош во познатото одморалиште Акапулко, се делат пакети со храна и вода за пиење.
„Отис“ го погоди Мексико во вторникот вечерта, како исклучително опасен ураган од петта категорија со постојан ветер од 270 километри на час и налети до 330 километри на час.
Направената штета се проценува на 15 милијарди долари.
