Политика
Партиите за датумот за изборите
29.10.2023 13:46
Опозиционерите ја повикаа владејачката СДСМ да седнат на маса и да се договорат.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ апелира да не се прават непотребни трошоци и вториот круг од претседателските да се одржи со парламентарните избори, бидејќи еден месец ништо не менува, а ќе се заштедат пари.
Оттаму укажуваат дека никогаш досега Министерството за правда не одлучувало за датум за избори, туку тоа го прават Собранието и партиите застапени во него.
Опозиционерите ја повикаа владејачката СДСМ да седнат на маса и да се договорат. Социјалдемократите се на ставот дека изборите треба да бидат одвоени и во редовниот термин.
