Лога- Хаџиу: Членството во ЕУ носи придовки за нашите граѓани
Реформите во правосудниот систем, независноста на системот и професионалноста на избраните носители на судската власт се едиствениот пат за враќање на довербата на граѓаните и обезбедување на функционален и праведен систем...

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со неговата колешка од Косово, Албулена Хаџиу, на која како што соопштува Министерството за правда, разговарале за заедничката визија, заедничките вредности и заедничките предизвици со кои се соочуваат двете земји.
„Реформите во правосудниот систем, независноста на системот и професионалноста на избраните носители на судската власт се едиствениот пат за враќање на довербата на граѓаните и обезбедување на функционален и праведен систем. Република Северна Македонија и Република Косово имаат многу позитивни искуства кои може да ги споделат за успешно чекорење кон европскиот пат. Ние сме чекор пред отварање на преговорите со Европската Унија, и бележиме напредок во многу области, што претставува корисно искуство за Косово“, изјави министерот Лога.
Додава дека Република Косово е успешна приказна и пример за регионот во сферата на дигитализација на правосодниот систем, процес кој е приоритет и за нашата земја.
