Евроинтеграции

Средба Пендаровски- Фон дер Лајен

29.10.2023 19:52

Како што информираат од кабинетот на претседателот, разменети се информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скрининг процесот и за динамиката на спроведување на реформите.

Процесот на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската унија, актуелните политички случувања во земјава и тековните состојби во регионот, во фокус на средбата помеѓу претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која престојува во посета на земјава.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, разменети се информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скрининг процесот и за динамиката на спроведување на реформите.

„На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од Европската Унија на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан. На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава“-стои во соопштението од кабинетот на претседателот.