Продолжува седницата на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија
Се очекува распитот да финишира до крајот на неделава, по што во период од 30 дена треба да се разгледа целата документација и заклучоците за евентуална политичка одговорност треба да се достават до Собранието...

Анкетната комисија за скандалот на Онкологија продолжува со сослушување сведоци и експерти и разгледување акти и документи. Се очекува распитот да финишира до крајот на неделава, по што во период од 30 дена треба да се разгледа целата документација и заклучоците за евентуална политичка одговорност треба да се достават до Собранието.
Досега пред Анкетната на прашања на пратениците одговараа актуелниот и поранешните министри за здравство, министерот за внатрешни Спасовски, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување, актуелната заменик-министерка за здравство, поранешните заменици-министри за здравство, државниот ревизор и главниот внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување.
Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Онкологија, а Јавното обвинителство отвори предистражна постапка која сè уште трае.
